Толту Моторс е компанија со повеќе од 35 години искуство во автомобилската индустрија. Својата приказна ја започнува во 1990 година како сервис за лимарски поправки на возила, а со текот на годините ја проширува својата дејност и во продажбата, увозот и сервисирањето на автомобили.
Денес, Толту Моторс е специјализиран сервис кој нуди различни типови поправки и комплетна сервисна поддршка за автомобили, а воедно е овластен увозник на Subaru и Great Wall Motors.
Great Wall Motors е еден од водечките кинески автомобилски производители, во чие портфолио се брендовите HAVAL, WEY, ORA, POER и TANK. Толту Моторс веќе 15 години го носи Great Wall Motors на македонскиот пазар, градејќи долгогодишни односи со клиентите и доверба во брендовите што ги претставува.
Оваа година, Толту Моторс беше дел од караванот „Средношколец Милионер“, заедничка иницијатива на Brainster Next College и NU Academy, преку која средношколците од различни градови имаа можност да се запознаат со проектот, да ги претстават своите идеи и да дознаат повеќе за претприемништвото.
Разговараме со Толту Моторс за автомобилската индустрија, развојот на Great Wall Motors, изборот на прв автомобил и нивната мотивација да ги поддржат младите и нивните идеи.
Што ги издвојува брендовите што ги претставувате на македонскиот пазар и како се позиционираат во однос на потребите на денешните купувачи?
Со повеќе од 35 години искуство, нашата цел е да понудиме квалитетни и сигурни автомобили. Subaru е препознатлив по својата безбедност и издржливост, додека Great Wall Motors, преку своите брендови HAVAL, WEY, ORA, POER и TANK, нуди современа технологија, богата опрема и одличен сооднос меѓу цена и квалитет.
Кои нови модели можеме да ги очекуваме во 2027 година?
Засега не можеме да откриеме конкретни модели, но можам да најавам дека до 2030 година планираме да ја прошириме нашата понуда со 10 нови модели, кои ќе донесат нови технологии и уште поголем избор за нашите купувачи.
Кој модел од вашата понуда би го издвоиле како најдобар однос цена-квалитет?
Тешко е да издвојам само еден модел, бидејќи секој од нив има свои предности и е посебен на свој начин. Сепак, можам да кажам дека во моментов HAVAL H6 е нашиот најпродаван модел, што доволно зборува за довербата на купувачите.
Што би советувале млад човек кој го купува својот прв автомобил?
Да избере автомобил според своите потреби и буџет, а не само според изгледот. Безбедноста, економичноста и сигурноста треба да бидат приоритет, а пробното возење е секогаш најдобриот начин да се направи вистинскиот избор.
Кои три работи треба да ги провери пред купување автомобил?
Пред сè, безбедноста на автомобилот, трошоците за одржување и достапноста на сервисна поддршка. Важно е да се размислува долгорочно, бидејќи купувањето автомобил е инвестиција.
Што ве мотивираше да го поддржите проектот „Средношколец Милионер“?
Како млад човек кој раководи со компанија со долга традиција, верувам дека младите треба да добијат можност да ги реализираат своите идеи. Македонија има огромен потенцијал во младите генерации, а со поддршка на вакви проекти инвестираме во идните претприемачи и развојот на нашата економија.
Што го издвојува HAVAL H9 и што ќе имаат можност да видат посетителите на претстојното полуфинале и финале?
HAVAL H9 е вистински теренски SUV кој комбинира моќен 4×4 погон, луксуз, простор и современа технологија. Тој нуди сериозни теренски способности и високо ниво на комфор.
На претстојните настани планираме да претставиме и други модели од HAVAL и ORA гамата, со акцент на најновите хибридни технологии.
Партнерството со Толту Моторс беше дел од караванот „Средношколец Милионер“, кој им овозможи на средношколците да се запознаат со проектот и да ја споделат својата енергија, креативност и идеи. Поддршката од компании кои веруваат во потенцијалот на младите е важна за создавање можности во кои нивните идеи можат да добијат вистинска шанса.