Маркетинг

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Kire Jordanov 3 Min Read

Што прави еден бренд да стане дел од нечиј идентитет, наместо само уште еден производ на пазарот? И зошто луѓето се поврзуваат со некои брендови, додека други ги забораваат веднаш штом ќе заврши промоцијата?

Овие прашања беа во фокусот на гостинското предавање „The Story Only You Can Tell: How the World's Strongest Brands Turn Attention into Belonging“, кое на Brainster Next College- на смерот дигитален маркетинг го одржа Кременa Јорданова (Kremena Yordanova), Executive Advisor, Fractional CMO и поранешен глобален маркетинг лидер во светски познатите спортски брендови adidas и Reebok.

Преку примери од своето професионално искуство, Јорданова им покажа на студентите како најсилните светски брендови градат препознатливост, но уште поважно – како создаваат емоционална поврзаност, заедница и чувство на припадност кај потрошувачите.

Една од главните пораки на предавањето беше дека луѓето не се поврзуваат со брендовите само поради производите што ги нудат, туку и поради вредностите, пораките и идентитетот што тие го претставуваат.

Во време кога секој може да создава содржина, да лансира бренд и да стигне до милионска публика, вистинската конкурентска предност не е само во привлекувањето внимание. Таа е во создавањето значење кое луѓето ќе го препознаат, ќе го споделуваат и со кое ќе сакаат да се идентификуваат.

Предавањето ги опфати и промените во маркетингот – од традиционалните маркетинг пристапи до економијата на креаторите, социјалните мрежи и експанзијата на содржини создадени со помош на вештачка интелигенција. Во тој контекст, Јорданова ги предизвика студентите да размислуваат подалеку од импресии, кликови и број на следбеници, и да се фокусираат на прашањето: Што ќе остане во сеќавањето на публиката?

По предавањето, студентите од студиската програма Дигитален маркетинг имаа можност да учествуваат и во fireside chat со Кременa, каде што разговорот се насочи кон практичните предизвици и реалноста на маркетинг професијата.

Таа сподели кои се најважните вештини и области на кои младите маркетери треба да се фокусираат, кои се најчестите грешки на почетокот од кариерата и како можат да ги избегнат.

Посебен интерес предизвика нејзината лична професионална приказна – од родниот град Добрич во Бугарија до работа со глобални брендови како adidas и Reebok. Преку сопственото искуство, таа зборуваше за тоа како потеклото од помала средина не мора да биде ограничување за професионалниот развој и како културолошкиот контекст, особено кога доаѓаш од Балканот, може да влијае врз начинот на кој се гради кариера на меѓународната сцена.

Разговорот им даде можност на студентите да добијат поинаква перспектива за маркетингот – не само како професија во која се важни креативноста и познавањето на алатките, туку и како област во која критичкото размислување, разбирањето на луѓето и способноста за раскажување приказни прават вистинска разлика.

Маркетингот не е само привлекување внимание. Тој е градење поврзаност.

Гостувањето на Кременa Јорданова е уште една можност студентите на Brainster Next College да учат од професионалци со меѓународно искуство и да ги поврзат знаењата од наставата со реалните предизвици во индустријата.

Бидејќи во маркетингот не е доволно само да знаеш како да стигнеш до публиката. Важно е да разбереш зошто таа би избрала да остане, да се поврзе со брендот и да стане дел од неговата приказна.

Отворена е можност за ран упис на програмата дигитален маркетинг на Brainster Next College со финансиска поволност. Дознај повеќе и закажи инфо средба.

Популарни објави

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Маркетинг

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Kire Jordanov

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Програмирање

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Четворица студенти на Brainster Next College работеа на развој на нова веб-страница за Казнено-поправната установа Идризово, со фокус на поедноставување на процесот за онлајн закажување посети.

Kire Jordanov

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

Настани

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на Brainster Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

Kire Jordanov

Решение кое ќе го смени работењето на Основниот кривичен суд

Дизајн

Решение кое ќе го смени работењето на Основниот кривичен суд

Создадено од студентите на Brainster Next

Kire Jordanov