Настани

Апликација за подобар увид во навиките на корисниците за Cineplexx

Имплементација на решение

Kire Jordanov 3 Min Read

Студентите од втора година од Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College добија уникатна можност, својот последниот испит по предметот Имплементација на решение да го полагаат пред клиентот во Cineplexx!

Тие ги презентираа своите решенија на големите екрани во една од кино-салите пред колегите, професорите и реалните клиенти – претставниците на Cineplexx, еден од најголемите ланци на кино во светот. Испитната задача беше да изградат апликација која ќе му помогне на клиентот да добие подобар увид во навиките на своите корисници.

Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College, го изрази своето задоволство од генерацијата и фактот дека работат на реален проект кој се базира на машинско учење и користење на вештачка интелигенција. Тоа е особено значајно во денешно време кога е зголемена побарувачката за инженери за AI и конкретно инженери за машинско учење:  

„Драго ми е што како дел од курикулумот изучувате делови коишто се клучни за AI и мило ми е што овој реален проект којшто го разработивте има машинско учење и е еден тип на AI проект. Ова е нешто што сум сигурен дека ќе ви користи многу во иднина“.

„Јас сум многу задоволна од нашата презентација. Иако беше напорно, со текот на времето многу научивме. Работата на реален проект ми е како еден тест за тоа како би било кога ќе се вработам“.

По завршувањето на презентациите, Билјана Јанкуловска, претставничката на клиентот Cineplexx им порача на студентите:

  „Се надевам дека ова ќе биде најмалото платно на коешто ќе презентирате во иднина!Сите бевте супер! Многу работи ни разјаснивте и за многу работи ни отворивте очи. Се надевам дека ќе добиеме пристап до информациите затоа што многу ни олеснуваат за некои идни планови што ги имаме“.   

Горјан Поповски, професорот на Brainster Next College, изјави дека е многу горд на своите студенти кои ја сфатија сериозноста на испитот:

„Сите студенти се покажаа фантастично! Тие успеаа и постигнаа дури и вон моите очекувања и го покажаа своето стекнато знаење по машинско учење. До секој тим апсолутно фантастична честитка и охрабрување за соработка со уште поголеми клиенти во иднина“.

Студентите од софтверско инженерство и иновации се покажаа извонредно на испитот Имплементација на решение, демонстрирајќи високо ниво на вештини и тимска работа. Со нивната посветеност и креативност, тие успеаја да развијат апликации кои овозможуваат подобар увид во навиките на корисниците, што претставува значителен придонес кон технолошкиот напредок. Нивниот успех на овој испит е потврда за нивната подготвеност да се соочат со идните предизвици во индустријата и да продолжат да иновираат во полето на софтверското инженерство.

Популарни објави

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Маркетинг

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Kire Jordanov

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Маркетинг

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Kire Jordanov

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Програмирање

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Четворица студенти на Brainster Next College работеа на развој на нова веб-страница за Казнено-поправната установа Идризово, со фокус на поедноставување на процесот за онлајн закажување посети.

Kire Jordanov

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

Настани

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на Brainster Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

Kire Jordanov