Дизајн

Brainster Next хакатон за приватна крафт пивара

Кога студентите стануваат дизајнери на реални брендови

Kire Jordanov 2 Min Read

Изминатиот викенд, студентите од студиската програми за UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College учествуваа на интензивен хакатон посветен на целосно ребрендирање на приватна крафт пивара.Во текот на 48 часа, младите дизајнери работеа на создавање на нов визуелен идентитет и маркетинг стратегија, следејќи ги реалните процеси на една професионална бренд агенција.

Особено значајна димензија на овој проект е фактот што новиот сопственик на пиварата е претприемачот Радослав Каранфилов – човекот кој пред една деценија инвестираше во Brainster, верувајќи во визијата на Петар Ниновски за креирање на ново, практично и индустриски релевантно образование.

  Десет години подоцна, кругот се затвора. Каранфилов повторно се појавува во приказната, но овојпат во улога на реален клиент, доверувајќи им на студентите на Brainster Next задача со голема одговорност:да создадат препознатлив бренд кој ќе може да застане рамо до европските крафт пивари.
  

На прашањето зошто Кранфилов одлучи да соработува со млади таленти од Brainster Next и да им ја довери оваа исклучителна можност, тој одговори:

Поради оваа причина, на сите студенти од Бреинстер Некст им верувам исклучително — во нивниот квалитет и во нивните идеи. Затоа дојдов до идеја и заклучок дека мојот иден предизвик — ребрендирањето на оваа крафт пивара — треба да им го доверaм токму на овие најквалитетни млади луѓе во државата.

Младите се единствените чии идеи, потреби и насоки треба да ги слушаме. А ние, кои во моментов сме во позиција да создадеме можности, треба токму ним да им ги довериме.

По динамичниот хакатон студентите ги презентираа своите решенија пред клиентот и пред менторите кои се експерти од индустријата и веќе имаат богато професионално искуство во областа на брендингот и дигиталниот маркетинг. За време на презентациите, студентите на лице место добиваат фидбек за нивната работа. Со тоа, тие добиваат уште едно непроценливо искуство: конструктивна критика од експерти и подготвување за реалната работна средина каде постојано се презентира пред тимови, парнери и клиенти.

  Хакатонот, кој се одржа во просториите на колеџот, уште еднаш покажа дека талентот и енергијата на новата генерација дизајнери можат да водат кон иновација и кон креирање на брендови што ја пренесуваат современата култура на крафт пивото и занаетчиството.  

Популарни објави

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Маркетинг

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Kire Jordanov

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Маркетинг

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Kire Jordanov

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Програмирање

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Четворица студенти на Brainster Next College работеа на развој на нова веб-страница за Казнено-поправната установа Идризово, со фокус на поедноставување на процесот за онлајн закажување посети.

Kire Jordanov

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

Настани

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на Brainster Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

Kire Jordanov