Програмирање

Како студентите на Brainster Next College помогнаа во дигитализацијата на КТП Идризово?

Проект со реален импакт

Kire Jordanov 1 Min Read

Во изминатите два месеци, студентите од насоката Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College работеа на реален проект со вистинско општествено значење — новата веб-страница за КТП Идризово.

Проектот беше изработен како дел од предметот „Имплементација на решение“, каде студентите имаа можност да го применат знаењето од факултет во реален систем кој ќе го користат институции, граѓани и семејства.

Новото решение носи две важни промени:

Онлајн закажување посети

За прв пат, процесот на закажување посети е дигитализиран и поедноставен, со цел полесна комуникација и подобро корисничко искуство.

Фокус на ресоцијализација

Веб-страницата нуди јавен и транспарентен преглед на активностите наменети за затворениците, со посебен акцент на ресоцијализација и поддршка во процесот на реинтеграција.

Со овој проект, студентите уште еднаш покажаа дека практичното образование може да создаде реална вредност — не само за компаниите, туку и за институциите и општеството.

На Brainster Next College не се учи само теорија. Студентите работат на реални проекти, решаваат вистински предизвици и градат портфолио уште додека студираат.

Честитки до сите студенти кои работеа на проектот!

Популарни објави

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Маркетинг

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Kire Jordanov

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Маркетинг

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Kire Jordanov

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Програмирање

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Четворица студенти на Brainster Next College работеа на развој на нова веб-страница за Казнено-поправната установа Идризово, со фокус на поедноставување на процесот за онлајн закажување посети.

Kire Jordanov

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

Настани

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на Brainster Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

Kire Jordanov