Дизајн

НОВИТЕ 100 СТУДЕНТИ НА BRAINSTER NEXT!

Kire Jordanov 3 Min Read

Запознајте ги Next Starz – новата генерација студенти на Brainster Next, кои од NU Академиите продолжуваат кон својата следна голема етапа.

Порано, дипломирањето беше почетокот на кариерата. Денес, за оваа генерација, тоа треба да биде само продолжение на нешто што веќе го започнале.

Тие креираат содржина, истражуваат дизајн, размислуваат за бизнис, градат сопствени проекти и експериментираат со AI уште додека се средношколци.

Затоа, кога размислуваа што следно, не бараа само место каде што ќе поминат уште четири години учејќи.

Бараа место каде што ќе можат да создаваат, да пробуваат, да погрешат, да научат и да изградат нешто свое.

Запознајте дел од 100-те студенти од новата генерација

Лина Белевска

За Лина, NU Академијата за графички дизајн е само почеток. Таа сака да истражува повеќе области од креативната индустрија, да го развие сопствениот стил и до дипломирањето да има нешто што вреди повеќе од само диплома – портфолио изградено преку реално искуство.

„Сакам да научам повеќе од само графички дизајн. Сакам да се развивам во повеќе насоки во креативната индустрија.“

За неа, креативноста денес не постои одвоено од технологијата. AI станува дел од начинот на кој се создава, а таа сака да научи како да го користи како алатка, без да го изгуби она што е најважно – сопствените идеи и стил.

Нејзината цел до дипломирањето е јасна: силно портфолио, практично искуство и знаење со кое ќе може да создаде нешто свое.

Стефан Јевтиќ

За Стефан, маркетингот е веќе дел од неговото секојдневие.

Контент. Брендови. Маркетинг. Сопствени проекти.

За него, маркетингот не е нешто што ќе го открие по дипломирањето. Тој веќе е дел од неговото секојдневие.

„Маркетингот и контентот се буквално светот во кој веќе живеам.“

Креира содржина, работи со брендови, размислува маркетиншки и гради свои проекти.

Затоа не сака да студира нешто само за да студира. Сака да стане навистина добар во она што веќе го работи.

Јоана Станоевска

Јоана веќе работи како графички дизајнер, како дел од тимот на Brainster.

Изборот на факултет го донела со цел да истражи повеќе креативни правци и да се изгради како искусен дизајнер.

„Сакам да се развивам во повеќе насоки во креативната индустрија.“

Марко Николовски

„Не сакам да одам на факултет и само да учам теорија, па кога ќе дипломирам да не сум подготвен и способен да работам ништо.“

За Марко, дигиталниот маркетинг се учи само преку пракса и работа. А целта е еден ден да изгради сопствен бизнис.

Големата слика е по дипломирањето да има изградено нешто што ќе функционира.

Леонтина Ќимова

А понекогаш, амбицијата може да се каже и во една реченица.

„Се запишав на Brainster Next за да го искористам мојот full potential.“

Целта? Bulletproof портфолио до дипломирањето.

Не еден ден. Не кога ќе го добие првото работно место. Не откако некој ќе ѝ даде шанса.

Туку уште додека студира.

Ова се дел од студентите на Brainster Next.

Генерацијата која расте во свет каде што технологијата се менува побрзо од учебниците.

На нашиот факултет, студентите ќе учат преку ден, а навечер ќе креираат проекти.

На нашиот факултет, AI не е иднина, туку алатка која веќе е дел од креативната и професионалната реалност.

И каде што дипломата не е крајната цел.

Тука студираат оние кои сакаат искуство. Вештини. Портфолио. Сопствени идеи.

Сакаат да создаваат.

Да градат.

Да пробуваат.

И да видат колку далеку можат да стигнат кога ќе го претворат она што го сакаат во нешто што навистина го знаат.

Следното поглавје веќе започна.

Ова се Next Starz.

Популарни објави