Настани

Собранието и Brainster Next потпишаа меморандум за соработка

Една од најважните државни институции даде доверба на Brainster Next

Kire Jordanov 3 Min Read

Студирањето не треба да заврши само со положени испити и диплома, туку со знаење што се применува, искуство што се препознава и подготвеност за реалниот свет на работа.

Токму ова беше заедничкиот заклучок на основачот на Brainster, Петар Ниновски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши кои во просториите на законодавниот дом разговараа за иднината на младите, во рамки на официјалното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Brainster Next и Собранието.

Оваа соработка отвора ново поглавје во практичното високо образование и носи конкретни можности за студентите на Brainster Next, овозможувајќи им уште за време на студиите активно да се вклучат во реалните институционални процеси на Собранието.

Што добиваат студентите со овој Меморандум?

Програми за практикантство - Студентите на Brainster Next ќе имаат можност да стекнат практично искуство во рамки на собраниската служба, работејќи во реална работна средина и под менторство на стручни лица. Праксата во Собранието подразбира директно вклучување во секојдневните процеси на една од најзначајните институции во државата.

Работа на реални проекти од јавен интерес - Наместо симулации и измислени задачи, студентите ќе бидат вклучени во развој и имплементација на реални проекти и решенија, во координација со Собранието — проекти со вистинска општествена вредност и јасна практична примена.

Гостински предавања и едукативни сесии - Преку гостински предавања и заеднички едукативни активности, вработени од Собранието ќе бидат дел од наставниот процес. Студентите ќе учат директно од практичари со искуство во јавната администрација, е-управувањето и институционалното функционирање.

Хакатони и решавање институционални предизвици - Студентите ќе учествуваат во хакатони и натпревари организирани од Brainster Next, каде во тимови ќе работат на конкретни предизвици поврзани со јавниот сектор, дигитализацијата и општествените процеси, со јасна задача и реален фидбек од институциите.

Студентите на Brainster Next и досега покажаа дека знаат да одговорат на вакви предизвици.

Тие ги победија студентите на ФИНКИ и Семос на хакатонот „Дигитален мост“ со софтверско решение за транскрипција на седници на Собранието, а дипломската работа на Костадин Веселинов претставува уште еден конкретен резултат од овој пристап — дигитално решение кое ќе го поедностави секојдневното работење на собраниските служби преку поефикасно управување со конференциските сали и закажувањето на состаноци.

На овој начин, студентите на Brainster Next не излегуваат од образовниот процес само со диплома, туку со реално работно искуство, проекти со институционална примена и професионално портфолио што зборува само за себе. 

Довербата што Собранието на Република Македонија ја дава токму на студентите на Next е уште една потврда дека применетото образование создава подготвени, компетентни и млади професионалци на кои можат да им се доверат сериозни и одговорни проекти.

Популарни објави

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Маркетинг

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Kire Jordanov

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Маркетинг

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Kire Jordanov

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Програмирање

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Четворица студенти на Brainster Next College работеа на развој на нова веб-страница за Казнено-поправната установа Идризово, со фокус на поедноставување на процесот за онлајн закажување посети.

Kire Jordanov

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

Настани

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на Brainster Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

Kire Jordanov