Дизајн

Студентите на Brainster Next го редизајнираат новото дигиталното искуство на MakeDox

Kire Jordanov 2 Min Read

Во време кога дигиталното присуство е клучно за секоја културна платформа, студентите од Brainster Next добија можност да работат на реален предизвик – редизајн на веб-страната на Makedox, еден од најзначајните фестивали за креативен документарен филм во регионот.

Вистински предизвик за студентите

MakeDox не е само фестивал – туку динамична платформа што обединува филмски автори, професионалци и публика од Македонија и пошироко. Со текот на годините, неговото влијание расте, но постоечката веб-страница повеќе не го рефлектира целосно тој развој.

Токму затоа, пред студентите беше поставен јасен предизвик: да создадат ново дигитално искуство што подобро ќе ја комуницира приказната, програмата и атмосферата на MakeDox.

Предизвици што бараат креативни решенија

Во рамки на хакатонот, студентите анализираа конкретни проблеми со постоечката платформа:

  • сложена и нејасна навигација
  • недоволно јасна структура на содржините
  • застарен визуелен изглед
  • недоволна видливост на програмите и активностите

Нивната задача беше да ги трансформираат овие предизвици во иновативни UX/UI решенија што ќе овозможат подобро корисничко искуство и појасна комуникација.

Тимска работа, идеи и прототипи

Студенти од сите три години на програмата Графички дизајн со UX & UI, заедно со студенти од NU Academy, работеа во тимови, комбинирајќи креативност и аналитичко размислување.

Во текот на хакатонот, тие:

  • развиваа нова информациска архитектура
  • креираа wireframes и визуелни концепти
  • редизајнираа timeline и програмска структура
  • осмислуваа поинтуитивни начини за навигација
  • работеа на визуелен идентитет инспириран од атмосферата на фестивалот

Од идеја до презентација

По интензивна работа и менторство, тимовите ги презентираа своите решенија, демонстрирајќи креативност, структурирано размислување и разбирање на реални кориснички потреби.

Иако секој тим имаше свој пристап, сите се водеа од истата цел – да креираат веб-страница што ќе биде: појасна, поинтуитивна, визуелно побогата и поблиска до публиката.

Голем аплауз за сите студенти кои покажаа дека знаењето најдобро се гради преку практична работа.

Учење преку реални искуства

Овој хакатон уште еднаш покажа колку е важно студентите да работат на реални проекти уште додека студираат. Преку вакви искуства, тие не само што ги развиваат своите технички вештини, туку учат и како да размислуваат како дизајнери – со фокус на корисникот, контекстот и влијанието.

Brainster Next продолжува да создава вакви можности, каде образованието се спојува со пракса, а студентите стануваат подготвени за пазарот на трудот уште пред дипломирање. 

Популарни објави

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Маркетинг

Преку партнерството со Толту Моторс, караванот „Средношколец Милионер“ стигна до средните училишта низ Македонија

Kire Jordanov

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Маркетинг

Студентите на дигитален маркетинг на Brainster Next факултетот учеа за градење глобални брендови од експерт со искуство во Adidas и Reebok

Kire Jordanov

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Програмирање

Студентите на Brainster Next со конкретен придонес кон дигитализацијата на македонските институции

Четворица студенти на Brainster Next College работеа на развој на нова веб-страница за Казнено-поправната установа Идризово, со фокус на поедноставување на процесот за онлајн закажување посети.

Kire Jordanov

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

Настани

Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската?

195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на Brainster Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

Kire Jordanov